Белорусија протерува украински дипломати

од Nikola Popovski

Белорусија, сојузник на Русија, денеска објави дека протерува украински дипломати и го затвора конзулатот на таа земја.

Министерството за надворешни работи на Белорусија не прецизираше колку дипломати ќе треба да ја напуштат земјата, наведувајќи дека може да останат најмногу петмина.

Целта на тој потег е „да се стави крај на недипломатските активности на неколку вработени во украинските мисии“, соопшти Министерството, пренесува Бета.

Белорусија ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да распореди сили кои оттаму ја нападнаа Украина.

Порано денеска Полска објави дека протерува 45 руски дипломати и нивни соработници.

Слични содржини