Почетна / TOP NEWS / Белорусија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Минск

Белорусија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Минск

Белоруската полиција употреби солзавец против демонстрантите и започна апсења со цел да ги задуши протестите што избувнаа вечерва во Минск.

Имено, големи групи демонстранти се собраа вечерва во Минск за да го искажат незадоволството од прелиминарните резултати од изборите, според кои досегашниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, води со скоро 80% од гласовите, јавуваат странските медиуми.

Локалните медиуми известуваат за притворање и судири меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град и во другите градови.

Полицијата ги блокираше улиците и најмалку 10 лица беа приведени на едно место во Минск, пренесува Ројтерс.

Претходно денес, Лукашенко ги предупреди демонстрантите со зборовите „ако одите против нашата земја или ако се обидете да ја дестабилизирате и да ја внесете земјата во хаос на најмал можен начин, ќе добиете итен одговор од мене“, пренесе АП.

loading...