Белорусија: Вмешаност на невладини организации во тајни текови на пари од странство

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот истражен комитет денес објави дека има информации за вклучување на водачи и персонал на бројни невладини организации и медиуми во тајни текови на парични средства од странство.

Оваа информација ја објави шефот на Генералниот директорат на тој комитет задолжен за истрага на организиран криминал и корупција, Владимир Шишко, јавува руската агенција ТАСС.

– За време на истрагата на кривичните случаи, беа добиени веродостојни информации за вклученост на лидерите и персоналот на голем број невладини организации и синдикати, како и претставници на медиуми, во тајни текови на значителни парични средства, првенствено добиени од странство, како и за затајување данок и финансирање на протестни активности на белоруското население – рече Шишко.

Тој прецизираше дека ова особено се однесува на случаите против членовите на, како што рече, нерегистрираниот центар за човекови права наречен „Вијасна“.

Слични содржини