Белорусија ѝ воведе ембарго на Македонија

од Nikola Popovski

Белорусија од 1 јануари 2022 година ќе воведе ембарго на увоз на широк спектар на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск, објави прес-службата на белоруската влада.

– Утврдениот список на роба со потекло од ЕУ и нејзините членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија е забранет за увоз на територијата на Белорусија и продажба на територијата на Белорусија – се наведува во документот, објавен од белоруската влада.

Како што било прецизирано, Белорусија за само 10 месеци од годинава увезла храна и прехранбени производи во вредност од над 530 милиони долари од споменатите „земји кои водат дискриминаторска политика и спроведуваат непријателски дејствија против нив“.

Прес-службата на владата на Белорусија посочува дека одлуката е донесена „со оглед на постојаните обиди на колективниот Запад да изврши незаконски санкции притисок врз земјата“.

На списокот на храна чиј увоз е забранет се месни производи, сол, кондиторски производи, млеко, јаткасти плодови, овошје, живи свињи… Ембаргото нема да важи за храна за бебиња и за некои други артикли.

Слични содржини