Белорусија воведе санкции за странците: Замрзнати акции во 190 компании

од Stefanija Kuzmanovska

Белорусија објави дека ги замрзнува акциите на странци во 190 белоруски компании. Санкциите ја вклучуваат и софтверската фирма EPAM Systems и Лукоил Белорусија.

Тоа е одговор на западните санкции наметнати на Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина и кршењето на човековите права.

Во уредбата објавена на официјалната веб-страница на законодавната власт се наведува дека на акционерите од земјите кои „вршат непријателски дејствија против белоруски правни и/или физички лица им е забрането да располагаат со своите акции“.

Слични содржини