Белорусија забрани увоз на западни стоки

од Milan1

Белорусија вчера објави дека воведува одмазднички ограничувања на летовите на авиокомпаниите од Европската Унија и Велика Британија и дека забранува увоз на западни стоки од земјите кои и воведоа санкции.

Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека забраната за увоз е одговор на незаконскиот притисок на надворешните санкции насочени кон поткопување на суверенитетот на Белорусија и влошување на благосостојбата на белоруските граѓани.

Белоруската влада сè уште не објавила список на западни стоки чиј увоз е забранет.

САД, ЕУ и Канада минатата недела воведоа санкции за десетици белоруски функционери, организации и компании во исто време.

Цел на Брисел беше поединци и субјекти кои ЕУ ги обвинува за учество во хибриден напад, односно испраќање азиски мигранти од Белорусија до границите на Полска, Литванија и Летонија.

ЕУ, исто така, го забрани влезот и ги замрзна средствата на 17 други лица од Белорусија, вклучително и граничари и воени службеници, владини службеници и судии.

 

Слични содржини