Белоруската полиција пука врз цивили: Граѓани стоеле на балконите, а за малку ќе ги загубеле животите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Специјалните полициски сили во Белорусија пукале кон луѓе во Минск, кои седеле на своите балкони и им кажувале на демонстрантите каде да се сокријат.

„Покрај метро станицата „Грушевска“ од полициски автомобили излегоа голем број специјалци. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконите на околните згради, луѓето викаа каде да се кријат, а како одговор на тоа, вооружените сили почнале да пукаат кон нив“, навел новинарот на Спутник.

Неколку стотици граѓани протестираат и денес, поради прекумерната употреба на сила од полицијата.

Претседателските избори беа одржани во Белорусија на 9 август. Според Централната изборна комисија, на изборите победил сегашниот претседател, Александар Лукашенко, кој е на чело на земјата 26 години. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите.

Вечерта во истиот ден, граѓаните незадоволни од организацијата и резултатите од гласањето излегоа на улиците, а масовните протести продолжуваат секој ден. Безбедносните сили користеле водени топови, солзавец, шок-бомби и гумени куршуми за да ги разбијат демонстрантите, при што едно лице загинало, а многумина се хоспитализирани поради повреди.

Слични содржини