Белоруските опозициoнерки номинирани за Нобелова награда

од Vladimir Zorba

Норвешкиот пратеник од Демохристијанската партија Геир Тоскедал ги предложи трите лидерки на белоруската опозиција – Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Чепкало да бидат номинирани за Нобеловата награда за мир во 2021 година, објави норвешкиот весник „Vart land“.

„Тоскедал ги номинира опозициските политичари во Белорусија за Нобелова награда за мир во 2021 година. Три жени играа посебна улога во борбата против тоталитарниот режим во Белорусија. Тоа ја заслужува Нобеловата награда за мир“, се вели во соопштението, пренесе АФП.

Член на норвешкиот парламентарен комитет за надворешна политика и одбрана, изјави дека белоруските опозициски политичарки „организираат мирни демонстрации, и покрај фактот што властите со нив се однесуваат сè поостро“.

Тој смета дека сите три жени заслужуваат да бидат наградени „за нивната борба за демократски вредности и човекови права“.

Тој посочува дека тие биле „инспирација за мирните протести што се одржуваат секоја недела на улиците во Минск“.

„Се надеваме дека номинацијата ќе доведе до уште поголема свесност за мирната борба против последниот европски диктатор и дека тоа ќе биде признание за сите што се наоѓаат во средината на борбата, за оние кои учествуваат, за оние што се тепани, за оние кои се затворени, на оние на кои им е уништен секојдневниот живот, и оние кои ги жртвуваа своите животи за слободна демократска Белорусија“, се наведува во образложението на номинацијата, пишува „Vart land“.

Инаку, Колесникова е во затвор, додека Тихановскаја и Чепкало ја напуштија земјата.

Денешниот протест е прв откако Тихановскаја, која се засолни во Литванија за да избегне апсење, му постави ултиматум на Лукашенко да се повлече од позицијата шеф на државата до 25 октомври.

Таа најави дека во спротивно ќе ги повика сите граѓани да излезат на улица и да започнат генерален штрајк.

loading...

Слични содржини