Беловски: Зошто упорно дел од нашите граѓани го избираат стариот систем, кој сите нас не уништува?

од Vladimir Zorba

Програмата на партијата Македонски концепт се состои од три столба: солидарност, спокој и слобода. Нашето лого е за „Нормална држава’ и има повеќе проекти: држава без етнички партии, Правдата прогледа, кој значи електронски систем на водење на судски предмети и одговорност за судии и обвинители, проектот Слободни банки, што значи можност за земање кредит или да се штеди во која било банка во светот, да инвестираш во што сакаш и каде сакаш во светот, проектот Партнерство со младите во кој младите и државата стануваат ортаци, младите даваат идеја, државата обезбедува пари, истакна Војо Беловски, носител на листа на пратеници во ИЕ 3.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да гласат за нивната програмска листа со број 10.

– Знам дека постојат милион причини да бидете разочарани… да не сакате да гласате…да не ни верувате на нас… но никако да разберам, зошто упорно дел од нашите граѓани го избираат стариот систем, кој сите нас не уништува, вели Беловски.

Тој појаснува дека тие прават нов систем, а стариот ќе го згаснуваат.

– Ова не е битка помеѓу десното и левото, помеѓу вмровците и сдсмовците… ова е битка помеѓу новото и старото, иднината и минатото… ова е битка помеѓу доброто и лошото… Сите заедно, добрите и чесните граѓани, било тоа да сме вмровци, комуњари, либерали, неопределени, определени, независни, зависни… да се обединиме во граѓанската опцијана број 10.Ова е последна шанса да покажеме дека не сме сите исти! Да бидеме свои на своето! Затоа што каменот тежи на своето место, потенцира Беловски.

Слични содржини