Бен Афлек „уловен“ како избира прстен за Џеј Ло со неговата мајка

од Vladimir Zorba

Актерот Бен Афлек, кој однеодамна повторно е во врска со пејачката Џенифер Лопез, беше виден како гледа веренички прстени.

Откако се покажа дека гласините дека Афлек сака да ја запроси латино дивата на нејзиниот 52 роденден на крајот на јули се лажни, папараците сега го фотографираа додека ги гледаше вереничките прстени со неговата мајка Сем и синот Самуел во „Тифани “во Лос Анџелес.

Актерот носеше превиткана хартија на која повремено погледнуваше, а по излегувањето од продавницата ги сумираше впечатоците со својата придружба.

Оригиналниот свршенички прстен, што Афлек и го подари на пејачката во 2002 година, се смета за еден од најскапите во светот на шоу -бизнисот.

Да потсетиме, Џенифер и Бен се гледаат од крајот на април, и тие ја обновија својата врска кратко откако латино sвездата ја раскина веридбата со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Отпрвин, тие се криеја од јавноста, а потоа почнаа да шетаат држејќи се за раце, а сега ги гледаме скоро секој ден за време на големите семејни собири.

Слични содржини