Бен Афлек во врска со 16 ГОДИНИ ПОМЛАДА АКТЕРКА: Ана е вистинска бомба

од Elena Daskalova

Бен Афлек е во врска со кубанската актерка Ана Селија де Армас Касо, која е цели 16 години помлада од него.

Тие се запознале за време на еротскиот трилер „Deep water“ во ноември 2019 година, каде играле маж и жена. Оттогаш и постојат шпекулациите дека се многу блиски.

Но, сега се забележани токму во Куба, во градот Хавана, каде и првпат се фотографирани заедно. За неа велат дека е досега најубавата девојка на Бен Афлек, иако со тоа не се согласуваат ниту обожавателите на Џенифер Гарнер, ниту пак фановите на Џеј Ло.

Досега Ана играла во „Blade Runner 2049“ и во „Knives Out“, како и во неколку филмови од шпанско говорно подрачје.

Слични содржини