Бени Ганц го врати мандатот за формирање нова влада во Израел

од Aleksandar Petrovski

Бени Ганц, лидерот на израелската партија на центарот „Сино и Бело“ го врати мандатот за формирање нова израелска влада, отккао не успеа во зададениот  рок да собере доволен број пратенички места мнозински поддржана владеачка коалиција, јави ДПА.

Со оваа одлука се отвора патот за нови избори во земјата за пополнување на 120-те места во Кнесетот.

Тоа ќе бидат трети парламентарни избори за помалку од една година, наведува агенцијата.

Слични содржини