Бенитез: Неможам секоја сезона да правам чуда со Њукасл

од Vladimir Zorba

Рафаел Бенитез не може да прави „чуда“ на чело на Њукасл секој шампионат. Победата од 2:1 против Арсенал го обезбеди десетото место за „црно-белите“ во Премиер лигата, на само четири кола пред крајот на сезоната.

Подоцна вечерва шпанскиот менаџер ќе го запише натпреварот број 100 на чело на Њукасл, а екипата од североисточна Англија се соочува против Евертон.

„Не можам да правам чуда секоја сезона. Важно е да си ја вршам работата. Сакам да освојувам натпревари и трофеи. Сакам да бидеме конкуренција на најсилните во шампионатот“.

„Сакам да се подобруваме како поединици и како состав. По реален бизнис план и тоа е нормално за модерниот фудбал. Немам проблеми со тоа, бидејќи сум го правел истото во минатото“, изјави Бенитез пред англиските медиуми.

Слични содржини