Бенитез пред враќање во Ливерпул… на сината страна

од Stefanija Kuzmanovska

Евертон летово се најде во неочекувана потрага по тренер и се најде во неволја. По заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, „Карамелите“ се обидуваат да најдат соодветна замена, но тоа не е лесна работа. На почетокот се надеваа на враќање на Дејвис Мојс, но тој го продолжи договорот со Вест Хем. Тогаш започнаа преговорите со Нуњо Еспирито Санто, кој ги напушти „волците“, но не беше постигнат договор.

Сега Рафаел Бенитез е фаворит да седне на клупата на „карамелите“.

За искусен стручњак, тоа би било враќање во градот на Битлси, каде ги помина најславните моменти од својата тренерска кариера. Секако, на клупата на градскиот ривал на Евертон – Ливерпул. Тој уживаше голема популарност кај навивачите на Ливерпул, но тоа не го спречува да прифати преселба на клупата на градскиот ривал.

Бенитез е експлицитна желба на сопственикот на клубот, Фархад Мошири, кој го презеде изборот за тренер и на некој начин ја маргинализира улогата на директорот Марсел Брендс, кој е против доведување на Бенитез. Мошири не сака да губи време и сака што побрзо да постигне договор со шпанскиот стручњак.

Бенитез е без клуб откако пред половина година го напушти кинескиот Далиан, каде заработуваше неверојатни 13.000.000 евра годишно. Пред тоа работеше во Њукасл, Реал Мадрид, Наполи, Челси, Интер, Валенсија …

Слични содржини