Бенкси непоканет изложува во Венеција

од desk2

Мистериозниот уметник Бенкси никогаш не чекал да биде поканет, па и тоа што не бил поканет на Венециското биенале не го спречи да учествува.


Пред два дена, на својот Инстаграм профил, тој го објави својот нов мурал нацртан на една куќа во Венеција, но и видео на кое се гледа како некој уметник без дозвола поставува штанд со свое дело и потоа се расправа со полицијата. Насловот на делото е „Венеција во масло“ што е инсталација составена од неколку помали слики, масла на платно, кои заедно прикажуваат огромен брод за крстарење опкружен со ситни гондоли.

Со ова дело, Бенкси повторно го насочува светското внимание кон ситуцијата со бегалците.

„Го поставувам мојот штанд на Биеналето во Венеција. И покрај тоа што е најголем и најпрестижен уметнички настан во светот, поради некоја причина, никогаш не бев повикан“, пишува анонимниот уметник на својот Инстаграм профил.

Извор: BBC, превод: Окно

Слични содржини