Бензема влезе во ТОП 5 најдобри стрелци во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Кога Карим Бензема е на терен, нема зима за Реал! Така беше и во претходното коло од Примера против Елче, не помалку против Аталанта во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите (3:1)!

Французинот го заврши мечот со гол против Италијанците, што беше 70-ти за него во Лигата на шампионите, по кој се искачи на петто место на вечната листа.

Во следната рунда тој може да го престигне Раул, кој е на 4-та позиција со 71 гол, додека Роберт Левандовски е трет со 72 погодоци – со мечот што го чека во среда вечер против Лацио.

Лео Меси е на второто место со 120 голови, додека Кристијано Роналдо е прв со 134 погодоци и нема сомнеж дека Бензема ќе има потешкотии да го стигне гореспоменатиот двоец.

Покрај голот кој го постигна, Бензема изнуди и пенал кој го реализираше Серхио Рамос за 2:0, а вреди да се спомене дека Французинот имаше шанса за уште еден погодок кога од неколку метри ја погоди стативата.

Слични содржини