Бензема за споредбите со Жиру: Не ја мешајте Формула 1 со картинг

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го сподели своето мислење за напаѓачот Челзи и француски репрезентативец Оливие Жиру. Бензема не е повикан во националниот тим од 2015 година, поради уцена со интимното видео на Метју Валбуена.

– Ќе одговорам еднаш засекогаш. Ќе бидам краток: да не ја мешаме Формула 1 со картинг. Ова е што имам да кажам. Не сакам повеќе да зборувам за него. Знам дека јас сум Формула 1, напиша Бензема на својот Инстаграм.

Жиру со француската репрезентација е актуелен светски шампион и вицепрвак на Европа.

Бензема за „триколорите“ има одиграно 81 натпревар и постигнато 27 гола.

Слични содржини