Актуелно
Почетна / Бизнис / Бензините поевтинуваат половина, дизелот и екстра лесното еден денар

Бензините поевтинуваат половина, дизелот и екстра лесното еден денар

Малопродажната цена на бензините се намалува за половина денари, додека на дизелот и на екстра лесното масло за одмаќинство за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена што ќе се применува од ноќеска на полноќ на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продавапо 69,50 денари за литар, Еуродизелот по 60 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство 49 денари.

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се намалува цената и на мазутот која ќе изнесува 36,395 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,06 отсто или за 12,100 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 2,74 отсто или за 15,400 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,57 отсто или за 14,200 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 5,34 отсто или за околу 24,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,45 денари и е за 0,348 отсто повисок.

loading...