Бербатов со порака за Солскјер: Оле, не се откажувај од нив двајца!

од desk2

Оле Гунар Солскјер се уште има дилеми со кој состав ќе располага за новата сезона, а покрај засилувањата, неизвесно е и останувањето на дел од ѕвездите.

Ромелу Лукаку и Пол Погба најчесто се поврзувани со трансфери, а поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов испрати порака до Норвежанецот и му порача да не се откаже од овие две ѕвезди.

– Мислам дека Лукаку треба да остане, не се согласувам со критиките кои беа упатени на негова адреса. Има аспекти во кои може да се подобри, но треба да добива помош и од соиграчите. Ако играм во средниот ред, треба да знам кога да му ја упатам топката и на која нога, тие детали одлучуваат, – вели Бербатов.

– Имав можност да тренирам со Погба кога тој беше младо момче и дел од вториот тим. Знам колку е добар, Оле само треба да му ја даде потребната слобода на теренот, – потенцира Бугаринот./Derbi

Слични содржини