Бербок уверена дека Финска и Шведска брзо ќе влезат во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изрази уверување дека Финска и Шведска брзо ќе влезат во НАТО и покрај противењето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Има некои нерешени прашања од турската страна“, рече таа во Берлин, пренесува „Ројтерс“.

Аналена Бербок посочува дека членките на Алијансата на двете нордиски земји би им дале соодветни безбедносни гаранции доколку трае преодната фаза меѓу нивната апликација и полноправното членство.

Слични содржини