Бербок: Знаеме какви отстапки направи С. Македонија, договорот со Бугарија не беше лесен

од Nikola Popovski

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок денеска претстојува во еднодневна посета на Македонија, при што ќе одржи средби со државниот врв.

-Денес не само како министерка, туку и лично сакам да ја изразам мојата почит и признание за тоа колку консеквентно С. Македонија досега чекореше по воој пат. Секако ние знаеме какви компромиси и отстапки направивте за сето ова, поаѓајќи до променат ана името на земјата, па се до постигнувањето на согласност за променат ана Уставот. Знам дека договорот со Бугарија не беше лесен, но им се обраќам на сите оние луѓе кои што чувствуваат нелагодност: Уставот не се менува постојано, но тоа се важни чекори и разбирам што се дебатира за тоа. Затоа е многу важно во вакви моменти да се делува да не се водат црно-бели дебати, туку да се зборува поинаку. Важно беше што вие го трасиравте овој пат – со храбрата политичка одлука можат да започнат официјалните преговори, рече Бербок во своето обраќање на прес-конференцијата со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

Во однос на уставните измени, министерката ги охрабри сите партии и учесници да ги искористат расположливи средства, за процесот да може да продолжи во следните месеци.

-Да не се случи да не успеете во овој клучен момент. Вашиот прием ќе ја направи посилна ЕУ – Унијата живее од тоа, рече Бербок.

Слични содржини