Бергер за Хамилтон: Да го надмине Шумахер и потоа да оди во Ферари

од Aleksandar Petrovski

Луис Хамилтон мора да остане во Мерцедес за да ги надмине рекордите на Михаел Шумахер, а потоа да оди во Ферари за да ја потврди својата слава во Формула 1.

Ваков совет му дава на Британецот поранешниот пилот на црвениот тим – Герхард Бергер.

– За Луис, а воопшто и за било кој пилот, нема подобра препорака отколку еднаш во неговата кариера да има шанса да вози за Ферари. Тоа е огромно искуство. Возењето со Ферари е водено од многу силни емоции. Јас лично сум бил многу под влијание, бидејќи многу го сакам Ферари. Го сакав италијанскиот менталитет, самиот бренд и мислам дека тоа би било случај со Луис. Повеќето пилоти го сакаат тоа, но тоа треба да се случи во вистинско време. Според мое мислење, тој треба да оди во Ферари, откако ќе ги подобри сите рекорди. Би било премногу ако тој го напушти Мерцедес порано, бидејќи никој не заминува од таков феноменален тим, изјави Бергер за британскиот весник „Гардијан“.

Слични содржини