Берлин не гледа потреба да ги преиспита своите односи со Русија

од Vladimir Zorba

Берлин не гледа потреба да ги преиспита своите односи со Русија, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, одговарајќи на прашања на пратениците од Бундестагот денес.

„Мораме да го држиме отворен прозорецот за дијалог“, посочи тој, пренесе TАСС.

„Мислам дека не треба да ја преиспитаме нашата стратегија кон Русија како целина. Ние сме заинтересирани за добрососедски односи, но во моментот се чини дека Москва не е подготвена да одржува дијалог со нас до степен, до кој ние гоправиме тоа“, рече шефот на германската дипломатија, пренесе Танјуг.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денес изјави дека Москва е подготвена да соработува со Германија во надминувањето на меѓусебните предизвици, но дека очекува Берлин да биде подготвен за договори.

Лавров истакна дека Москва ја цени позицијата на Берлин против непријателскиот притисок на Вашингтон врз проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

Слични содржини