„Берлин не ни ги дава наодите за Навални затоа што тој не им дозволува“

од Nikola Popovski

„Берлин не ги предаде биоматеријалите и наодите за Алексеј Навални на руската страна затоа што тој не им дозволил да го сторат тоа“, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додала дека за ова се дискутирало во официјалните одговори добиени од Москва.

„Зошто тие не ги предаваат тие материјали? Затоа што Навални не им дозволи“, изјавила Захарова за ТВ Дожд.

Како што додаде таа, од Берлин има два одговори, едниот од 28 октомври и другиот од 13 јануари, во кој се наведува дека Навални не им дал дозвола, дека е против предавањето на овие материјали на руска страна.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, во декември изјави дека се сомнева во подготвеноста на Русија да разјасни што му се случило на Навални.

На 2 септември германската влада, повикувајќи се на лабораторијата во Бундесверот, објави дека рускиот опозиционер е затруен со супстанца од групата хемиски воени отрови „Новичок“.

Од Русија се бара да спроведе истрага, а официјална Москва инсистира Берлин да ѝ достави информации во врска со Навални.

Слични содржини