Берлин: Нема да има превентивни санкции против Русија

од Milan1

„Санкции против Русија ќе бидат воведени само во случај на нарушување на територијалниот интегритет на Украина“, изјави денеска портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт.

Тој одговори на прашањето на РИА Новости дали санкциите на Запад се поврзани со евентуалната „агресија“ врз Украина или тие треба да бидат од превентивен карактер.

„Германската влада има многу јасен став дека во случај на повреда на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, ќе бидат преземени остри и јасни мерки, а санкциите се такви мерки“, рече Хебестрајт на прес-конференција.

Киев и западните земји се загрижени поради наводното зголемување на „агресивните акции“ на Русија во близина на границите на Украина.

Москва постојано ги отфрли ваквите обвинувања, наведувајќи дека никому не се заканува и дека нема намера некого да нападне.

Слични содржини