Берлускони ја остави 34-годишната девојка за уште помлада: Еве која е Марта Фачина

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по сексуалните испади на прочуените „бунга, бунга“ вечери официјално се раздели од партнерката, за да се гледа со жена која е 54 години помлада од него.

 

 

Милијардерот кој има 83 години ја напушти Франческа Паскале (34) после 12 години заеднички живот, но тие остануваат пријатели, наведи партија на Берлускони Напред Италија (Forza Italia).

Франческа Паскале рече дека Берлускони секогаш ќе ѝ биде драг пријатели и дека му ја посакува „сета среќа на светот“.

Франческа Паскале живее во луксузна вила која претходно и ја купи Берлускони.

Берлускони кој зад себе има два разводи, но со Франческа Паскале не се венчаше, падна на шармот на манекенката Марта Фачина, која има 30 години и е пратеник од неговата партија.

Италијанските таблоиди претходно објавија дека манекенката  имала обичај да спие кај Берлускони, за да му биде веднаш достапна за работните состаноци.

Папараците неодамна обелоденија и фотографии на новата љубовна двојка како излегува од еден хотел во Швајцарија.

Слични содржини