Берлускони: Монца цели кон Скудетото и влез во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, едвај чека да се сретне со својот поранешен тим и регионален ривал Милан во Серија „А“ следната сезона.

Монца освои историска прва промоција за елитата по успехот во плеј-офот против Пиза со вкупен резултат 6:4. Берлускони долги години беше претседател на Милан, а под негово водство „росонерите“ освоија многу трофеи.

Сега поранешниот премиер постигна сериозен успех со скромниот тим на Монца.

„Ова е неверојатен, но заслужен успех. Едвај чекаме да го предизвикаме Милан во регионалното дерби. Нашиот клуб никогаш не играл во елитата, драго ни е што им донесовме радост на нашите навивачи. Нашите цели се високи: ние ќе се стремиме кон Скудетото и ќе влеземе во Лигата на шампионите“, изјави Берлускони, цитиран од Corriere dello Sport.

Слични содржини