Берлускони најави враќање на политичката сцена

од Nikola Popovski

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и ќе се обиде да се врати на јавна функција по девет години.

Милијардерот и медиумски магнат започна маркетинг кампања пред објавувањето, велејќи за државното радио дека „маси луѓе“ од движењето „Форца Италија“ и пошироко побарале од него да се кандидира на изборите на 25 септември.

Големите екрани на станиците на метрото ширум земјата прикажуваат помлада верзија на Берлускони со пораката „Сега повеќе од кога било – изберете страна“.

Тој водеше четири влади од влегувањето во политиката во 1994 година, но привремено му беше забрането да извршува јавна функција по пресудата за даночна измама во 2013 година.

Неговата последна влада пропадна две години претходно поради должничка криза и скандал со секс забавите „бунга бунга“ во неговата вила во близина на Милано.

Слични содржини