Берлускони повторно во болница

од Vladimir Zorba

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран во Милано.

Берлускони (85) е примен во болница поради рутински прегледи, јави италијанската агенција АНСА, не наведувајќи други детали.

Тој беше примен во болница неколку пати во текот на минатата година, откако се зарази со коронавирусот во 2020 година, забележува Ројтерс.

Британската агенција вчера објави дека Берлускони одлучил да не се кандидира за претседател на Италија.

Слични содржини