Берлускони заврши во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е во болница од понеделникот и нема да може да присуствува на јавни настани некое време, објавија денеска италијанските медиуми.

Сè уште е нејасно зошто 84-годишниот медиумски тајкун е хоспитализиран, но еден од лидерите на неговата партија Форца Италија за АФП потврди дека Берлускони е во болница на прегледи и дека „не е ништо сериозно“.

Берлускони не можеше да присуствува на судското рочиште утрово во Милано, пренесува „Ројтерс“.

Неговите адвокати не побараа одложување на новото рочиште на судењето за Руби-Тер во средата, а станува збор за скандалот со касетата Рубигејт и познатите „бунга-бунга“ вечери организирани од Силвио Берлускони за млади жени во неговата луксузна вила близу Милано и богато ги наградувал.

Во таа афера, Берлускони и уште 28 други беа гонети за лажно сведочење и подмитување на сведоци.

Слични содржини