Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на Кулушевски

од Aleksandar Petrovski

Останувањето во тимот на крилниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески е доведено во прашање.

Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.

Претходно се водеа преговори дека Бернардески може да стане дел од договорот за трансфер на Лукас Пакета од Милан или Иван Ракитиќ од Барселона.

Договорот на Бернардески со Јувентус е со важност до јуни 2022 година.

Слични содржини