БЕРНИ ЕКЛСТОН ДОБИ СИН НА 89 ГОДИНИ: Го крстивме Ејс, многу сум горд

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот шеф на Формула 1 и неговата сопруга Фабијана Флоси (44) станаа родители. Берни сега има четири деца, пишува „Курир“.

Знаеме дека звучи како да е од рубриката „Верувале или не“, но тоа е вистина. Берни Еклстон стана татко на 89-годишна возраст.

– Имаме син, му го дадовме името Ејс. Јас сум многу горд – рече Берни, додека неговата сопруга Фабијана истакна дека сè минало без проблем:

– Беше лесно. Пораѓајот траеше околу 25 минути. Фала богу.

Берни и Фабијана се наоѓаат во Сао Паоло, Бразил, во самоизолација и не се знае дали гордиот татко присуствувал на пораѓајот.

 

 

Слични содржини