Берово доцни со вакцинација поради изолација на дел од медицинскиот персонал

од Andreja Salpe

Берово доцни со вакцинација против ковид-19, поради позитивни случаи на медицинскиот персонал, при што поголем дел од персоналот е во изолација.

Од Здравствениот дом во Берово информираат дека се прават напори вакцинацијата да започне наскоро.

-Очекуваме вакцинацијата да почне во најкус можен рок. Една од причините за доцнењето е тоа што во изминатиот период дел од нашите вработени во изминатиот период беа, и сеуште се во изолација поради случаи со Ковид-19 во установата поради што вакцинацијата во нашиот Здравствен дом се уште не е отпочната, истакнаа од Здравствен дом Берово.

Со кадарот со кој во моментов располага Здравствениот дом во Берово, приоритет им се дава на итните случаи, а организирањето на вакцинацијата како што додаваат во наредниот период ќе биде приоритет за надлежните.

Слични содржини