Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Берзата во „зелено“ оваа недела

Берзата во „зелено“ оваа недела

Пораст на вкупниот промет, бројот на трансакции и кај пазарната капитализација е забележан во периодот од 29-ти јуни до трети јули, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Вкупниот промет се позиционираше на 1.284.918 евра или 49,68% повеќе во споредба со претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции (228) има скок од 11,22%.

Пазарната капитализација, од 29-ти јуни до трети јули, се зголеми за 0,15% и достигна ниво од 3.212.317.595 евра. Пазарната капитализација, пак, на затворање на оваа трговска недела, односно на трети овој месец, имаше вредност од 1.730.784.810 евра или 1,91% помалку во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 заврши со 4.129,52 поени или 0,59% скок во споредба со една недела претходно.

Петте најтргувани акции во текот на неделата беа оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит, НЛБ Банка и РЖ Уготур.

loading...