Беса: Бараме целосно укинување на полицискиот час и поголема концентрација на полицијата и армијата

од Nikola Popovski

Централното претседателство на Движењето БЕСА, на онлајн состанокот што се одржа вчера (19.05.2020) разговарало за актуелната политичка состојба во пресрет на прекинатите активности околу организацијата на предвремени парламентарни избори. Тие ги донеле следните заклучоци:

„Врз основа на сите информации од релевантни здравствени институции, како и состојбата создадена по повеќе од два месеца од пандемијата на вирусот СОVID-19, Движењето БЕСА проценува дека државата треба неминовно да ги зајакне државните институции преку целосен политички мандат и политичка влада која ќе мора да го понесе товарот за продолжување на здравствената битка против СОVID-19, а истовремено да се справи со економското закрепнување на земјата по економската штета предизвикана од пандемија со COVID-19. Затоа, проценуваме дека сега се создадени најоптимални услови за одржување на изборите што е можно поскоро во согласност со законските и уставните обврски и почитување на здравствените протоколи за одржување на изборен процес. Секој обид за пролонгирање на изборите со оправдување без аргументи оди само на штета на граѓаните. Затоа апелираме до сите политички фактори да не си играат со судбината на граѓаните, туку сериозно да им пристапат на создадените околности и да не се пресметуваат за политички придобивки што би наштетило на интересот на граѓаните“, велат од партијата.

Во однос на состојбата на здравјето и битката со вирусот Ковид-19, тие апелираат до сите граѓани да ги почитуваат препораките за одржување социјална дистанца и употреба на заштитна опрема бидејќи тоа ќе овозможи враќање во нормалност во општеството што е можно поскоро.

„Во исто време, апелираме до владата и сите надлежни институции да размислат за олеснување на следниве мерки:

1. Целосно укинување на полицискиот час и поголема концентрација на полицијата и армијата за одржување на редот и почитување на здравствените препораки.

2. Разгледување на создавање на здравствен протокол што ќе овозможи молитва на Фитр Бајрам на отворени места каде што полесно ќе се одржува социјалната дистанција.

3.Отстранување на изолацијата за граѓаните на Македонија кои доаѓаат во својата татковина и имаат документирани докази дека се тестирале за COVID-19 и имаат негативен резултат.

4. Субвенционирање на примарното здраство и нивно третирање подеднакво со другите лекари, бидејќи матичните лекари се првите што откриваат пациенти со симптоми на вирусот СОVID-19 и се со ист ризик како и сите нивни колеги“, се вели во соопштението на партијата.

Слични содржини