БЕСА му возврати на Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа реагираше по повод денешните изнесени ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, „се докажува како точна дилемата што ја поставил пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ“.

-Се појавуваат во јавност како да се напаѓаат, а резултатите од оваа „пресметка“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување на партискиот рејтинг на овие субјекти. БЕСА ги покажа своите опозициски ставови и во сите овие месеци има низа критики кон актуелната Влада во сите сфери, пишува Хоџа.

Тој додава дека „ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, изгледа не успеаја да разберат една работа дека БЕСА не е политички субјект што може да се управува од нивните партиски штабови“.

-Затоа, пријателски предлог до господинот Мицкоски, видете го нашето делување во сите овие години и ќе разберете дека во движењето БЕСА политичките дејствија се автохтони, автономни и автентични!, посочил некогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претходно со своја реакција произлегоа и од Алијанса на Албанците. Тие порачаа дека „ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ, која сега го има истото вазалство кон СДСМ“.

Слични содржини