Беса: Смртта на Ќерими го покажува непоставувањето на правдата

од Берта Китинска

„Смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт на правдата во Северна Македонија“, стои во реакцијата на движење БЕСА, по објавената информација дека во затворска ќелија доцна синоќа починал Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

– Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во државата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето БЕСА цени дека правдата за случајот „Алфа“ треба да биде спроведена за да се остават на мир невините души, реагираше Беса.

Од партијата наедно изразија и сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.

Слични содржини