Движењето БЕСА испрати соопштение до јавноста преку кое порача дека го осудува „насилниот облик на протести кои се одржуваат во Скопје“.

„Движењето БЕСА го осудува вандалското однесување врз приватниот имот во скопската чаршија и ги повикува сите страни да го зачуваат мирот и јавната безбедност.Насилните протести ги кршат правата на другите граѓани и ја зголемуваат несигурноста во државата. Во континуитет, Албанците до сега беа жртви на разни инсценации од страна на сите власти, затоа апелираме до надлежните да реагираат професионално и брзо за да се зачува мирот, безбедноста и имотот на граѓаните, за да нема дилема дека ваквите случаи имаат друга позадина, повторно за некое инсценирање на грбот на албанците.Ги покануваме и сите политички актери во земјата, во овие важни моменти од евроинтеграциската ориентација, сите да дадеме се од себе за да го зачуваме мирот и стабилноста на земјата, како и да дадеме максимален придонес за забрзување за почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, велат од БЕСА.

Слични содржини