БЕСА со поддршка за продолжувањето на штрајкот на работниците во образованието

од Vladimir Zorba

„ДУИ со своите ниски методи секојдневно ги лаже не само наставниците туку и граѓаните. ДУИ повторно излажа дека „наводно” постигнале договор наставата да почне во понеделник. Иако преку партиско соопштение се пофалија на такво нешто уште пред неколку дена , но тоа не се случи. Денешниот обид за договор меѓу Владата и СОНК беше неуспешен, неприфаќајќи ги барањата на наставниците од страна на Владата. Со овие постапки ДУИ се обидува да врши притисок врз вработените во образованието“, реагираат од БЕСА на денешната одлука на СОНК, изразувајќи поддршка за продолжувањето на штрајкот на работниците во образованието.

Велат дека добро е да се усогласуваат ставовите во рамките на ова партија.

-Министерот за финансии од нивните редови изјавува дека нема да има зголемување на платите, министерот за образование од истата партија изгледа нема идеја да ја менаџира ситуацијата додека ставот на ДУИ беше дека „наставата ќе започне”, во овој случај имаме три различни ставови од една иста партија, а сите три се лаги затоа продолжувањето на штрајкот на СОНК е правилна одлука, соопшти БЕСА.

Слични содржини