Беше МИС НА СВЕТОТ, а сега навива за сопругот на ЕП 2020: Белгија ја има најубавата навивачка! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Се ближат натпреварите од четвртфиналето на ЕУРО 2020, а една од екипите што ќе се обидат да ја освојат титулата европски првак е Белгија.

Избраниците на Робертo Мартинез во четвртфиналето ќе игра против силната Италија, но ќе ја имаат и поддршката од поранешната Мис на светот!

Белгија во петок ќе игра против Италија, а Ноеми Апар најверојатно повторно ќе биде на трибините за да го бодри нејзиниот сопруг, белгискиот репрезентативец Јаник Караско.

28-годишната манекенка веќе се појави на натпреварите на Европското првенство, а вниманието го привлече во играта од осминафиналето против Португалија. Тогаш, во дрес на Караско ја бодреше Белгија во Севилја, додека останува да се види дали ќе се појави и во Минхен.

Во 2013 година, Наоми беше прогласена за Мис на Белгија, а потоа за Мис на универзумот и Мис на светот.

Таа е во брак со Караско од 2017 година, за кој рече дека била „сомнителна“ кога го запознала затоа што слушнала дека тој е професионален фудбалер.

Сепак, се покажа дека тие двајцата се уште заедно денес, иако има гласини дека се развеле во 2020 година.

Слични содржини