„Беше очаен“: Зошто Хари се согласи на интервју со Опра?

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари се согласи да направи интервју со неговата сопруга Меган со Опра Винфри на почетокот на март, и откако дозна дека кралицата ќе му ги одземе воените титули поради „Мегзит“.

Одлуката донесена на 19 февруари за повлекување на принцот од кралските должности на фронтот го налути војводата од Сасекс многу поради загубата на воените одликувања, пишува „Дејли меил“.

На Хари му беше одземена улогата генерал-капетан на кралските маринци, која му ја додели неговиот дедо, принцот Филип, како дел од конечниот договор за повлекување од кралските должности.

Потегот да се укинат овие титули, според тогашните извештаи, го довело принцот до очај.

Претходно се шпекулираше дека одлуката за интервјуто е донесена откако војводата и војвотката наводно рекле дека нивниот син Арчи нема да стане принц кога ќе стане крал принцот Чарлс, поради декретите што Чарлс наводно имал намера да ги воведе, а кои го прават тоа невозможно.

Во интервју за Опра, принцот Хари го обвини Кралското семејство за расизам.

Сепак, во неделата беше откриено дека принцот Чарлс јасно ставил до знаење дека синот на Хари и Меган, Арчи, нема да има место во кралското семејство.

Одлуката, за која се зборува со месеци, ги доведе односите меѓу Хари и неговото семејство на многу критично и екстремно ниско ниво.

Слични содржини