Бесими: 30 години од донесувањето на првиот Буџет од прогласување на независност на нашата земја

од Берта Китинска

На денешен ден пред 30 години е изгласан првиот Буџет од прогласување на независност на нашата земја, напиша на својот Фејсбук-профил министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Оттогаш, секоја година по предлог на Министерството за финансии, Владата го предава предлог-буџетот до Собранието, во кој се планираат средства за економски развој, за капитални проекти, за здравство, образование, безбедност, екологија, наука и култура“,пишува Бесими.

Министерот порача дека во добрите времиња Буџетот го поттикнува развојот, а во време на криза дава поддршка за пребродување на истата и дека Буџетот е од граѓаните – за граѓаните.

Тој додаде дека напорите на Министерството се насочени кон заздравување на економијата и постигнување на посакуваниот и потребниот економски раст и развој.
Инаку, првиот Буџет изнесувал 79,2 милијарди југословенски динари или денешни 1,2 милијарди евра.

Слични содржини