Бесими-Брнз: Претставена реформската агенда на Министерството за финансии

од Nikola Popovski
Намалување на корупцијата, поддршка на младите и зголемување на конкурентноста преку раст на продуктивноста и интеграцијата кон евроатланските и регионални пазари, беа дел од темите за кои разменија мислења министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.
На средбата беше претставена реформската агенда на Министерството за финанисии, која се заснова на економското заздравување, Програмата за управување со реформите во јавните финансии – ПФМ, либерализацијата и развојот на финансиските пазари и борбата против сивата економија. Притоа беше презентирана Стратегијата за паметен раст (Smarter Growth) како и столбовите врз кои темели, односно заздравување од ковид-кризата, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инвестиции во човечки капитал.
Како што соопштија од ресорното министерство, на средбата Бесими посочил дека е направен единствен и сеопфатен план на капитални инвестиции кои се од стратешко значење на среден рок, како и дека се преземаат мерки во насока на подобрување на реализацијата на истите. На средбата станало збор и за договорот за партнерство со САД.

Слични содржини