Бесими: ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти

од Берта Китинска

ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти, а не 5% како што беше намалено во мај годинава со одлука на Владата, рече во Топ Тема на Телма, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Во првото полугодие повластената стапка ќе биде 10% за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Даночната реформа според Министерот Бесими ќе разгледа неколку модели но се задржува на две нивоа – да се вратат на ДДВ како што биле претходно одредени производи на кои во текот на годините им се намалило ДДВ-то на 5% и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат да нема едно решение, туку се работи за избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.

Слични содржини