Бесими: Доколку има потреба, ќе се реагира со уште една мерка за плати

од Nikola Popovski

„‚60.000 е бројка кога беше предвидено уште кога го најавувавме петтиот пакет мерки. Таа е проценката и тоа што го кажав не е нешто што не сме го планирале и тоа е бројка од тоа беше во третиот и четвртиот пакет мерки“, изјави денес на прес-конференција, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според неговите зборови, бескаматната кредитна линија со 12 месеци грејс период, ќе може да се претвори во грант, зависно од тоа доколку фирмите инвестираат или го зголемуваат бројот на вработени или промет.

„Во моментов не можам да кажам за дали ќе има уште една мерка за плати. Доколку има потреба ќе се реагира“, вели Бесими.

Слични содржини