Бесими: Изработен е Даночен календар и споделен е со коморите

од Nikola Popovski

„Креирањето на подобар систем и подобра деловна клима е процес кој никогаш не запира. И денешната средба со Стопанската комора на Македонија заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи е во таа насока – носење на системски решенија кои ќе придонесат за подобрување на условите за стопанисување во земјава и прилагодување на регулативата кон реалните потреби на стопанството“, објави министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според него, на денешната дискусија биле разгледани повеќе иницијативи од Стопанската комора и разговарано е кои од нив може да се реализираат и кога би можело да започне нивната примена.

„До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Законот за царинскиот тарифник, изработен е Даночен календар и споделен е со коморите, прифатено е барањето на коморите за зголемување на регресот за вработените како и барањето доброволната регистрација за цели на ДДВ да може да се одвива во текот на целата година“, соопшти Бесими, додавајќи дека добрата пракса на континуиран дијалог на Владата со бизнис-заедницата продолжува и понатаму.

Слични содржини