Бесими очекува парите од ММФ да бидат одобрени

од Nikola Popovski

Во однос на задолжувањето тоа се сведува на отплата на долгови, кои што дома и во странство и тоа се околу 200 милиони евра односно 11,8 милијарди денари. Остатокот е за покривање на дефицитот, кој изнесува 42,7 милијарди денари, односно околу 696 милиони евра. Тоа е задолжувањето. Во самиот Буџет има и повисок износ во однос на зголемување на трезорот на Народна банка, информира денеска министерот за економија, Фатмир Бесими околу задолжувањето од ММФ, како одговор на новинарско прашање.

Тој додава дека зборувале со ММФ во однос на политиките и дали влегуваме во квалификации за тој инструмент.

-Сега сме при крај за финализирање на деталите од тој договор. Откако ќе заврши процедурата, ќе бидеме во финална фаза, за да ги повлечеме средствата, појасни Бесими на прес-конференција.

Слични содржини