Бесими потврди: Ќе има намалување на ДДВ за електричната енергија за домаќинствата

од Nikola Popovski

Министерот за финансии Фатмир Бесими попладнево објави дека Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства.

„Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ – то за електрична енергија се предлага да се намали и тоа: 18 на 5% за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10% за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, напиша Бесими.

Според него, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.

„Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата“, рече вчера министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за кредитна линија од 100 милиони евра.

Според информациите од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година се очекува ДДВ за струја да се намали од 18 на 5 отсто, наредната година ДДВ ќе се зголеми од пет на десет отсто, за по три години повторно данокот на струја да се врати на старите 18 проценти од сметките.  Целта, според нив е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Слични содржини