Бесими: Реализација на капиталните расходи во првиот квартал подобра од лани за 51,5 отсто

од Берта Китинска

Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие се повисоки за 51,5 отсто, рече министерот за финансии Фатмир Бесими кој додаде дека има добра реализација на приходите, што, според него, е исклучително важно во овој период кога се уште трае пандемијата.

Тој посочи дека во првиот квартал некои министерства имаат реализација и над 15 отсто, некои 25 отсто од планираното, а некои и повеќе и оцени дека реализацијата во овој период е подобра во однос на минатата година, но дека постојат и други мехаинизми на кои треба да се работи, а тоа не е само реализацијата туку и квалитетот на капиталните расходи.

Слични содржини