Бесими-Ригтеринк: ЕБОР ќе ја поддржи Владата во реализација на приоритетните проекти

од Vladimir Zorba

Реализацијата на тековните проекти и диманиката на нивното изведување, како и инвестиции во нови проекти од областа на патната и железничката инсфраструктура, енергетиката, екологијата, беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со потпреседателот на ЕБОР Јурген Ригтеринк, што се одржа во Министерството за финансии, а пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“.

На средбата беше истакнато дека ЕБОР ќе ја продолжи соработката со Северна Македонија и ќе ја поддржи посветеноста на Владата во подготовката и реализацијата на приоритетните проекти кои се дел од економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан.

Меѓу проектите кои се работат со финансиска поддршка од ЕБОР се делницата Скопје-Блаце, автопатската делница Кичево-Гостивар, железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија, во делот на енергетиката магистралниот гасовод Гостивар-Кичево и делница Свети Николе -Велес, изградба на интерконективниот гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, 400 kV интерконекција меѓу Македонија (Битола) – Албанија (Елбасан), како и други проекти меѓу кои и во Скопје за брз автобуски превоз, како и пречистителната станица на отпадни води.
Беше изразено задоволство од напредокот во реализација на проектите што се финансираат од оваа меѓународна финансиска институција и посветеноста од страна на Владата во непречена нивна имплементација.

На средбата меѓу другото беше посочено дека од клучно значење ќе биде и вклучување на Банката во реализација на проектот за управување со цврст отпад во пет региони во земјава кој е во процес на подготовка од страна на Министертвото за животна средина и просторно планирање.
-ЕБОР останува наш стратешки партнер и во остварувањето на Планот за финансирање на заздравувањето и забрзаниот економски раст кој се очекува да ги зголеми вкупните инвестиции во економијата, истакна на средбата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу 4 милијарди евра во периодот од 2021 до 2025 година, финансирани од Буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции ќе се мобилизираат и повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа ќе се зголемат вкупните инвестиции, ќе се забрза растот на бруто-домашниот производ и ќе се забрза отворањето нови работни места.
Извесно е дека опоравувањето на економијата од ефектите од корона-кризата започна. Статистички годинава земјата излегува од криза и влегува во раст и заздравување, а проекциите за раст се 4,1 отсто.

ЕБОР во земјава има инвестирано над 2 милијарди евра.

Слични содржини